Пјаниќ контра Куман: Не знам зошто не играм почесто

Миралем Пјаниќ не го крие незадоволството што не ја добива посакуваната минутажа во дресот на Барселона. Репрезентативецот на БиХ пристигна од Јувентус во директна размена за Артур и требаше да биде главен организатор на играта на Барса, но огромен дел од средбите во Ла Лига ги почна од клупата за резерви.

Во пресрет на дуелот со неговиот поранешен клуб, Пјаниќ истакнува дека секогаш ги исполнувал очекувањата на тренерот и поради тоа во иднина би требало да добие и повеќе шанси да ги покаже своите квалитети.

„Дали треба да играм повеќе? Да, тоа е тоа што го сакам и верувам дека го заслужувам. Да бидам искрен, не разбирам зошто се наоѓам во ваква ситуација, знам дека можам да дадам многу на тимот, секогаш кога добивав шанса играв добри натпревари, а потоа пак се селам на клупата. Не знам што повеќе да направам, тренирам и подготвен сум, за сите други работи одлучува стручниот штаб. Ова е компликувана ситуација, не сум навикнат на вакви работи“, изјави Пјаниќ.

Се вчитува...