Пјаниќ претставен во Барселона – Сон е да се дели соблекувалната со Меси, време е за трофеи! (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ денеска беше претставен како нов фудбалер на Барселона. Тој го избра дресот со број „8“ кој минатата сезона го носеше Артур Мело кој во размена токму за Пјаниќ замина во Јувентус, а претходно му припаѓаше на легендарниот Андрес Иниеста.

„Горд сум што сум дел од Барселона. Се надевам дека во периодот во кој ќе бидам член на тимот ќе освоиме многу трофеи. Сон е да се дели соблекувалната со Лионел Меси. Потпишав за најдобриот клуб во светот. Се надевам дека моите соиграчи ќе може да сметаат на мене“, изјави Пјаниќ. 

 

Се вчитува...