Пјаца од Јувентус се пресели во Фиорентина

Марко Пјаца повторно не е дел од плановите на Масимилијано Алегри, па Јувентус му дозволи на хрватскиот репрезентативец да замине на нова позајмица. По неуспешната сезона во Шалке, сега Пјаца кариерата ќе ја продолжи во дресот на Фиорентина, откако „виолетовите“ се согласија да платат два милиони евра за едногодишен ангажман на поранешниот капитен на Динамо Загреб.

Можеме да потврдиме дека е постигнат договор со Фиорентина за преселба на Марко Пјаца во овој клуб до 30 јуни 2019 година. Со тој договор, Фиорентина ќе плати два милиони евра, со можност наредното лето да го откупи договорот на Пјаца за 20 милиони евра, сума што би била платена на три рати“ – се вели во клупското соопштение на „старата дама“.

Фиорентина покрај Пјаца ангажираше уште еден офанзивен фудбалер, Белгиецот Кевин Миралас од премиерлигашот Евертон.

Се вчитува...