„Плачење“ од Чачак: Скандал во оваа смешна лига, АБА мора да поработи на наместените натпревари

Борац Чачак преку својот официјален профил на инстаграм испрати сериозни обвинувања кон МЗТ Скопје, Цибона и целокупната АБА-лига, со тврдењата дека денешниот меч во СЦ „Јане Сандански“ бил наместен.

„Очекувавме победа на МЗТ Скопје, но ова…“, беше напишано на профилот, крај објавеното видео од промашениот зицер на еден играч на Цибона во второто полувреме.

На тоа, истиот профил се надоврзува во коментар: Дефинитивно скандал што долго ќе се памети во оваа смешна лига. Уште еднаш да повториме, АБА-лигата мора да поработи на наместените натпревари затоа што ова беше многу смешно и очигледно.

Кој губи има право да се лути, но Борац дефинитивно ја минува границата на ферплеј со овие навредувачки критики кон македонскиот и хрватскиот кошаркарски колектив, како и кон целокупната АБА-лига.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Борац Чачак (@borac_cacak)

Се вчитува...