Планови за новата НБА сезона: Без Ол-стар викенд и со распуст од 15 дена

НБА лигата ги финализира плановите за почетокот, но и за текот на наредната сезона која се очекува да почне на крајот декември. Играчитем фановите, маркетиншките партнери и телевизиите, сите се вклучени во актуелните разговори за тоа како да биде организирано првенството.

Една од клучните мерки за кои се зборува е воведување одмор кој би траел околу две седмици. Но, овој распуст кој би бил во средината на февруари би ги пореметил плановите за одржување на Ол-стар викендот. Во 2021 година, домаќин на собирот на „сите ѕвезди“ треба да биде Индијана. Сепак можно е да го нема Ол-стар викендот, а играчите да уживаат во одмор од 10 до 15 дена. Сезоната би можела да има и помалку натпревари со оглед дека времето за да бидат одиграни сите средби како во регулана сезона е многу кратко.

Сите овие мерки се во насока на заштите од коронавирусот. Лигата планира клубвите да имаат врзани гостување кај противниците до кои имаат подалечни патувања. На пример, клубот да игра во едно патување против сите екипи од Калифорнија.

 

 

 

Се вчитува...