Платини: Чеферин излезе смешен, тој е виновен за Суперлигата

Претходниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, жестоко ја критикуваше работата на сегашниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин, нарекувајќи го „смешен“ и „неспособен“ во извршување на неговата работа.

Платини упати гласна критика кон Чеферин, потенцирајќи дека човек кој никогаш не играл фудбал не може да биде добар претседател на било која фудбалска куќа.

„Не постои никаков однос и ниту било каква поврзаност меѓу нас двајца. Тој е еден од оние претседатели кои никогаш не играле фудбал и кои живеат во свој свет“, рече Платини, кому му беше забрането да работи во фудбал од страна на Европската фудбалска организација, а главанта причина беше вмешаноста во корупција.

Платини исто така смета дека Чеферин имал целосно погрешен пристап во начинот на кој ја реши кризата кога најбогатите европски клубови најавија формирање на Суперлигата.

„Фактот дека најдобрите европски клубови ја сакаат својата конкуренција е постојан ризик со кој УЕФА треба да се справи. Тој стори сè што е погрешно. Подобро е да се спречи такво нешто отколку да се нарекуваат директорите на клубовите кукавици и змии како што тој направи. Тоа беше смешно. Истиот проблем го имав и на почетокот на мојот мандат. Тогаш се сретнав со претседателите на клубовите и ги убедив дека нашето натпреварување е подобро. Разговаравме за тоа што е добро за фудбалот, не само за деловните и телевизиските права“, рече Платини.

Се вчитува...