Поранешниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини е голем противник на ВАР.
„Потребно ми е многу време да објаснам како ВАР не ги решава проблемите. Јас сум против ВАР. Јас мислам дека тоа е едно убаво спакувано ср*ње и никогаш нема да се вратиме назад“, изјави Платини.
Уште од самите почетоци на идејата за воведување на ВАР, Платини беше против неа и додека беше претседател на УЕФА не дозволуваше системот да биде воведен во најсилните натпреварување на Стариот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА