Плеј-ин турнирот останува во НБА лигата

НБА лигата се договори со здружението на играчите дека во сезоната 2021/2022 ќе остане на сила плеј-ин натпреварувањето, како мини-турнир кој ќе се игра како би се одредило кои тимови ќе играат во плеј-офот.

Во плеј-ин турнирот ќе учествуваат четири екипи во секоја од конференциите, односно франшизите кои ќе завршат од седмата до десеттата позиција.

Тимот со седми најдобар скор во конференцијата ќе игра еден натпревар против осмиот на домашен терен, а победникот ќе замине во плеј-офот. Поразениот од овој меч ќе игра против победникот од дуелот меѓу деветтиот и десеттиот, а тој што ќе триумфира ќе ја заземе осмата позиција во плеј-офот.

Се вчитува...