Плишкова-Барти и Свитолина-Бенчич се полуфиналните двојки на ВТА финалето

Чешката тенисерка Каролина Плишкова е последната полуфиналистка на ВТА финалето, откако во последниот меч од „виолетовата група“ ја совлада Романката, Симона Халеп со 2-1 по сетови (6-0, 2-6 и 6-4). Во полуфиналето Плишкова ќе игра со првопласираната од „црвеаната група“ Ешли Барти.

Претходно денеска Елина Свитолина ја забелажа и третата победа во „виолетовата група“ совладувајќи ја замената на турнирот Софија Кенин со 7-5 и 7-6. Таа во полуфиналето во Шенжен ќе игра против Швајцарката Белинда Бенчич.

Полуфиналните мечеви на програмата се утре.

Се вчитува...