ПМФЛ – 12. КОЛО: Струга ги пречекува „пандевци“, Шкендија кон нова победа против Тиквеш

Струга Трим Лум ја пречекува Академија Пандев во најинтересниот денешен натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

По пет едноподруго натпревари без победи, стружани се желни за триумф иако се свесни дека ги очекува повеќе од тежок дуел против „пандевци“.

„Се подготвивме до максимум за овој натпревар. На натпреварот против Академија Пандев влегуваме со јасни намери. Ветувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе, следејќи ги насоките на тренерот и верувам дека ќе успееме да победиме. Свесни сме дека Академија Пандеви има одличен тим, меѓутоа ние мора да освојуваме бодови, посебно на домашните натпревари“ – вели Мухарем Сухељ.

Шкендија, пак, на домашен терен го пречекува Тиквеш носејќи ја фаворитската улога, а Работнички во потрага по бодови ќе гостува на Борец во Велес.

ПМФЛ – 12. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ

Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ

Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА

ВЧЕРА

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 5-0

Се вчитува...