Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ славеше со 1-3 на гостувањето во Штип кај Брегалница во натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани до водство од 0-1 стигнаа во 6. минута откако по ударот од слободен удар на Бесарт Ибраими, Давков лошо интервенираше по што најдобро се снајде Бојку за водство на гостите од 0-1. Домаќините израмнија преку Калпачки во 56. минута. Само минута подоцна гостите стигнаа до ново водство преку Бесарт Ибраими. До крајот на мечот гостите добија и втор црвен картон, откако Бојку беше исклучен во 67. минута, а конечните 1-3 ги постави Ефионг во 90. минута.
На мечот во Кавадарци меѓу најтрофејниот Вардар и Тиквеш домаќините славеа со 1-0. Иако останаа со играч помалку во 51. минута кога Карчески доби втор жолт картон, подобрата игра кавадарчани ја материјализираа со голот на Спахиу во 77. минута.
Победа од 3-0 забележа Македонија Ѓорче Петров на домашен терен против Гостивар. Стрелци за „лавовите“ беа Величковски во 7. минута, Мишевски од пенал во 81. минута и Илиевски во 91. минута.
Работнички без поголеми проблеми славеше над Воска со 2-0, а стрелци на головите за „романтичарите“ беа Велковски и Гандо.
Силекс на домашен славеше со 2-1 со Шкендија. Иако фудбалерот на домашните Ристовски се посрамоти за сите пари откако проба од пенал да изведе паненка, која беше во најмала рака комична, сепак домаќините стигнаа до водство со погодокот на Милосавлјевиќ во 58. минута. Гостите на 1-1 израмнија преку Цаке во 85. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Лазаревиќ во 94. минута.
ПМФЛ – 7. КОЛО
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВАРДАР 1-0
Спахиу 77′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА 1-3
Бојку 6′, Калпачки 56′, Ибраими 57′, Ефионг 90′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВОСКА 2-0
Велковски 31′, Гандо 59′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР 3-0
Величковски 7′, Мишевски 81′, Илиевски 91′
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 2-1
Милосавлјевиќ 58′, Цаке 85′, Лазаревиќ 91′
ВЧЕРА:
Скопје: ШКУПИ – АП БРЕРА 1-0
Абази 69′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА