По 18 месеци и 20 операции од страшната несреќа – Кореа се враќа во болидот! (ВИДЕО)

За помалку од две години од страшната несреќа на ГН на Белгија, еквадорскиот возач од Ф2, Хуан Мануел Кореа го најави своето враќање на патеките во тимот на „Арт“ во Форума 3.

Овој 21-годишен возач се бореше за својот живот по инцидентот во кој животот го изгуби Антоан Хуберт, но по успешната рехабилитација за која беа потребни дури 20 операции, Кореа го продолжува својот сон.

„Пред се пресреќен сум што се вратив по се што поминав. Им благодарам на „Арт ГП“, премногу ми значи нивната доверба во мене и моето враќање. Ф3 ќе биде само транзиција, мојот сон и понатаму е Ф1, ова е само првиот чекор од моето враќање. Моите цели се високи поготово бидејќи немам возено автомобил повеќе од година и пол, па пред мене е долг период на учење, но влегувам во сезоната со мирна глава. Не си создавам притисок, ќе дадам се од себе, ќе го работам тоа што сакам и самото тоа е победа“ – изјави Еквадорецот.

Се вчитува...