Пирло си најде работа во Португалија

Екс-тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, кој е без работа од минатото лето откако доби отказ од „црно-белите“ од Торино, би можел да ја продолжи кариерата во Брага и да го наследи Карлос Карвахал.

Брага сезонава оствари добар резултат во Европа и покрај тоа што на крајот на минатата година беше поразена на домашен терен од Црвена звезда во решавачкиот натпревар од групната фаза на Лига Европа за пласман во елиминациската рунда. Овој тим стигна до четвртфиналето од Лигата на ЛЕ, каде беше елиминиран од Глазгов Ренџерс.

„А Бола“ пренесува дека Пирло ја разгледува можноста од лето да го наследи Карвахал на клупата на португалскиот тим, а доколку ја прифати понудата, ќе биде првиот странски тренер на клупата на Брага по 20 години, откако во сезоната 2002/2003, на чело на овој клуб беше Шпанецот Фернандо Кастро Сантос.

Првата тренерска работа Пирло ја доби на крајот на летото 2020 година, кога доби шанса во Јувентус на местото на Маурицио Сари.

Интересно е што Пирло не играше во странство како играч, па ова би бил негов прв ангажман надвор од Италија во светот на фудбалот.

Се вчитува...