По Аврамовски, и Најдовски и Цветановски заминуваат од Вардар

По вчерашното официјално збогување од црвено-црните редови за најдобриот фудбалер од минатата сезона Даниел Аврамовски, од Вардар заминуваат и Филип Најдовски и Матеј Цветановски.

И двајцата го одиграа првиот натпревар од новата сезона во вардаровиот дрес, но според последните информации сепак се многу блиску до одлуката за промена на фудбалската средина. Веќе е сосема извесно заминувањето на Филип Најдовски, кој е пред трансфер во албанскиот прволигаш Тирана, со што дополнително ќе биде ослабена дефанзивната и линијата за врска на „вардарци“. Претходно во Тирана од редовите на Вардар се пресели и репрезентативецот Кристијан Тошевски.

За Матеј Цветановски, пак, има отворен интерес од неколку клубови од БиХ и од Хрватска па наредниот период и дефинитивно ќе биде познато дали ќе ја промени средината или ќе остане во Вардар до крајот на календарската година.

Се вчитува...