По четири години заминува од Баерн Минхен

Бенџамин Павард по четири години поминати во Баерн Минхен ова лето заминува од клубот, пренесуваат германските медиуми. Францускиот репрезентативец има договор со германскиот клуб до 2024 година и нема намера да стави потпис на нов договор.

За интересот на 27-годишникот постои интерес од неколку клубови меѓу кои е и Ливерпул, а со цел баварците да заработат ќе дозволат заминување за сума од околку 30 милиони евра.

Павард е дел од Баерн Минхен од 2019 година каде пристигна по трансфер вреден 35 милиони евра од редовите на Штутгарт. Претходно во кариерата настапуваше и за Лил.

Се вчитува...