По Дедпул, сега и Вулверин сака да купи клуб во Англија

Големата актерска ѕвезда, Хју Џекмен, изјави дека преговара за купување акции во англискиот Норич кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.

„Многу сум заинтересиран и моментно сега преговараме за ова“, изјави Џекмен за ТокСпорт.

Актерот (57 години) не откри колку акции сака да купи ниту колку пари да вложи.

 

 

Џекмен кој е најпознат по улогата на Вулверин во серијата Х-мен, изјави дека навива за Норич од неговата седма година бидејќи неговата мајка е родена токму во овој град.

Тој исто така е голем пријател со холивудскиот актер Рајан Рејнолд, кој пак е познат по улогата на Дедпул, кој е косопственик на Рексам кој исто така се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.

Џекмен откри дека уште во 2011 година добил понуда да стане малцински инвеститор во Норич.

„Понекогаш знам да направам големи грешки“, изјави тогаш Џекмен.

Мнозинскиот дел од акциите на Норич (85 отсто) се во сопственост на Норфолк Холдингс, инвестициска група која ја предвови американскиот бизнисмен Марк Атанасио. Десет отсто од акциите поседуваат поранешните директори на Норич, Делиа Смит и Мајкл Вин, додека останатите пет отсто се кај други акционери, вклучувајќи ги и навивачите.

Се вчитува...