По добрата вест со Салах, стигнаа лоши за Арне Слот

Ливерпул во најпредизвикувачкиот дел од сезоната, се соочи со нови проблеми со отсуство на уште еден играч од средниот ред, кој ја зголеми листата на повредени за англискиот првак.

Најновиот удар за тимот од „Енфилд“ доаѓа од јапонскиот интернационалец Ватару Ендо. Тој ќе отсуствува неколку недели поради повреда на зглобот. И покрај тоа што не добиваше многу шанса сезонава, сепак, за Слот е пробламетично бидејќи следува период во кој ќе мора да бидат зголемени ротациите.

Оваа информација ја потврди самиот Арне Слот, дополнително нагласувајќи колку чувствителна станала ситуацијата на средниот ред. Холанѓанецот исто така откри дека и Коди Гакпо во моментов е недостапен поради повреда на мускулот. 

Покрај Ендо и Гакпо, надвор од теренот се и Алисон Бекер, Конор Бредли, Џереми Фримпонг и Александар Исак, додека Џовани Леони сè уште отсуствува подолг временски период.

Се вчитува...