Истрагата за сообраќајната несреќа во која на 1. јуни минатата година загина шпанскиот фудбалер Хозе Антонио Рејес конечно е завршена. По скоро една година, истрагата денеска конечно е завршена. Обвинителството вели дека виновен за несреќата е самиот Рејес, кој возел со 67 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Пукнатата гума предизвикала возачот да ја изгуби контролата над автомобилот и со брзина од 187 километри на час да излета надвор од патот. Тој возел барем 67 километри на час побрзо од дозволената брзина“, соопштено е од обвинителството.
Рејес е обвинет за несреќата и доколку го преживеал инцидентот ќе бил кривично гонет за прекршо, со обѕир на тоа што во несреќата животот го загуби неговиот роднина Џонатан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА