По ГН на Унгарија Хамилтон заврши на лекар

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон на ГН на Унгарија го престигна Макс Ферстапен на табелата на возачи откако заврши на третата позиција, а Холанѓенецот на десеттата.

Британецот по трката имаше видливи проблеми и му беше потребна помош и при качување на пиедесталот, а клубот сега потврди дека возачот заминал на преглед кај тимскиот доктор.

„Луис Хамилтон моментално е на преглед кај тимскиот лекар. Тој има проблем со умор и блага вртоглавица“, напишаа од тимот на социјалните мрежи.

Се вчитува...