Уругвајската репрезентација повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство, но овој пат не поради она што се случуваше на теренот.
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат уругвајски фудбалери како стојат покрај патот додека американските безбедносни сили, користејќи кучиња трагачи, го претресуваат нивниот багаж и опрема пред да влезат на стадион во Мајами. Играчот од средниот ред Мануел Угарте привлече посебно внимание, бидејќи неговата реакција за време на претресот брзо стана вирална.
Видеото ги прикажува играчите како чекаат да завршат безбедносните процедури додека службените лица ги пребаруваат торбите и опремата на тимот. Многу фанови на социјалните мрежи беа изненадени од сцената, додека други истакнаа дека станува збор за стандардни безбедносни мерки што се спроведуваат за време на големите спортски настани во Соединетите Американски Држави.
Целата приказна привлече дополнително внимание бидејќи доаѓа само неколку дена по проблемите со патувањето на Уругвај до Светското првенство. Имено, тимот беше задржан со часови во Канкун поради административна грешка од страна на авиокомпанијата, која немаше потребни дозволи за летање до Соединетите Американски Држави. ФИФА во тоа време потврди дека имало грешка од страна на превозникот и дека патувањето е одложено како резултат на тоа.
EEUU sigue humillando a las selecciones de fútbol que juegan en el Mundial. Ahora le tocó a Uruguay. Los jugadores fueron tratados como narcos, con inspección de perros antidrogas y uniformados con detectores de metales.
La FIFA perpetró una vergüenza histórica este año.— César Biondini (@BiondiniCesar) June 15, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
