Милан ќе го награди тренерот Пиоли

Фудбалерите на Милан на одличен начин ја стартуваше новата сезона во Серија А, откако по седум кола имаат освоено 19 поени, што е најдобар старт уште од сезоната 2003/2004 во која го освоија шампионското скудето.

Поради одличните игри раководството на клубот од „Сан сиро“ сака да го награди тренерот Стефано Пиоли понудувајќи му нов договор. Актуелниот договор на Пиоли му истекува на крајот на сезонава, а Милан ќе се обиде да го задржи и во продолжение.

Откако е италијанскиот стратег на кормилото на „росонерите“ тимот забележа 56 победи, 23 ремија и 18 порази во сите натпреварувања.

Се вчитува...