По поразот од Македонија – Оставка на Вардан Минасјан од клупата на Ерменија

Репрезентацијата на Ерменија остана без селектор откако Вардан Минасјан денеска официјално си поднесе оставка која веднаш беше прифатена од претседателот на Ерменската фудбалска федерација, Рубен Хајрапетјан.

Минасјан се одлучи да поднесе оставка по поразот (2-0) на неговата селекција од Македонија во Скопје. Играта и поразот во Скопје според челниците на Ерменската федерација биле крајно разочарувачки, по што оставката била неизбежна.

„Сакам да му се заблагодарам на претседател на ЕФФ и на Извршниот одбор на федерацијата. Благодарен сум на добрата соработка и на сите членови од стручниот штаб. Посакувам далеку подобри резултати на ерменската репрезентација во иднина, поради што се одлучив и на овој чекор“ – соопшти Минасјан по поднесената оставка.

Се вчитува...