По првите тренинзи на Реал Мадрид: Не можеме да се составиме со топката…

По два месеци пауза и домашен тренинг во куќна изолација, фудбалерите на шпанските клубови конечно изминативе денови се вратија на тренинг-центрите. Од 18. мај ќе биде дозволено и тренинг во помали групи.

И фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на тренинзите во очекување на стартот на Ла Лига кој, најверојатно ќе биде на 12. јуни. Сепак, Дани Карвахал признава дека играчите се чувствуваат повеќе од чудно на првите тренинзи по два месеци.

„Многумина од нас имаат проблем да ја контролираат топката. Тренинг на терен и во домашни услови не може да се спореди. Првиот ден беше ужасно, како никогаш да не сме играле фудбал. Но, следните денови веќе беше подобро. Верувам дека наскоро ќе се вратиме во посакуваната форма. На нас е да ги почитуваме сите протоколи и секако се надеваме на продолжување на сезоната“ – вели Карвахал.

Се вчитува...