По серијата заминувања, Париз ангажираше ветеран со богато искуство (ФОТО)

Сензацијата на Евролигата во сезоната 2024/25, дебитантот Париз во новата сезона ќе има речиси целосно променет изглед откако по преуспешната сезона следеа бројни заминувања од тимот од тренерот па се до клучните кошаркари меѓу кои е и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој во иднина ќе настапува за Панатинаикос.

По серијата заминувања парижани стигнаа и до ангажман на искусниот Џереми Морган, 30-годишниот Американец кој со себе носи богато искуство со настапи за Тренто, Бон, Бург и последно Хапоел Ерусалим.

Се вчитува...