По Суарез уште една ѕвезда заминува од Барса како слободен играч

Барселона се наоѓа во нови проблеми, а причината е што една од главните ѕвезди сака да замине како слободен играч. Станува збор за Осман Дембеле, кој одби да го продолжи договорот, а каталонскиот клуб е свесен дека чека завршување на договорот, па да замине како слободен фудбалер.

Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30. јуни 2022 година. Досега тој ги одби сите предлози ставени на маса за продолжување на соработката. Сепак, периодот е долг и работите може да се променат, иако во голема мера и каталонскиот клуб нема да ги мине зацртаните црвени линии за продолжување на соработката со Дембеле.

Еден од главните кандидати за потпис со Дембеле е Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...