По титулaта со Рома, Мурињо се отвори: Никогаш не сум задоволен, секогаш сакам повеќе

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, истакнува дека се уште е гладен за поместување на границите и дека верува дека тој и неговиот тим можат уште подобро.

Португалецот по освојвуањето на титула со Рома, потенцираше дека е амбициозен и секогаш сака нешто повеќе.

„Се трудам да не го чувствувам притисокот. Мислам дека имам здрав однос кон стресот. Не е добро тоа воопшто да не се чувствува. Затоа е важно да се има некаков баланс, но искуството многу помага. Клучот е никогаш да не бидете целосно задоволни со она што го имате, туку да сакате повеќе. Кога ќе освоите медал, сакате да имате уште посветла иднината и да освоите многу повеќе. Кога постигнувате гол, сакате уште еден. Сè се врти околу тоа дека повеќе никогаш не е доволно. Тоа чувство не е поврзано со годините, туку со личноста и амбициозноста“, изјави Мурињо.

Португалецот оваа сезона ја освои Лигата на конференцијата со Рома, со што стана првиот тренер кој ги освоил сите три активни европски натпреварувања. Сепак, првенствената цел со „Волчицата“ не беше остварена, а тоа е Лигата на шампионите, па сега Мурињо и Рома се подготвуваат за напад на елитното натпреварување.

Се вчитува...