По три асистенции – гол: Дани Алвеш со волеј за водство на Јуве од 2-0

Веќе нема дилеми, Јувентус ќе игра во финалето од ЛШ во Кардиф откако по триумфот од 0-2 во Монако, „старата дама“ по првото полувреме во Торино води со 2-0 против „кнезовите“ на Жардим.

Дани Алвеш, кој асистираше при претходните три гола на Јуве во овој двомеч, беше стрелец на вториот погодок вечерва откако со извонреден волеј удар ја смести топката во мрежата на Субашиќ.

Мајсторот блеска кога е најважно за неговиот тим, а Дани Алвеш со одличните партии против Монако само потврдува дека е ас од највисока класа.

Dani Alves Amazing Goal 2-0 by Sports_HD

Се вчитува...