По три сета, силно невреме и прекини, Надал го освои Мастерсот во Рим!

Шпанецот Рафаел Надал го освои Мастерсот во Рим кој се играше за вкупен награден фонд од 4,8 милиони евра, победувајќи го во финалето бранителот на титулата Александер Зверев.

По три сета и прекин поради силно невреме во Рим, Надал успеа да славеи со 6-1,1-6,6-3.

Мечот беше прекина при водство на Зверев во третиот сет од 3-2, што беше втор прекин во само 15минути. После тој прекин тенисерите заминаа во соблекувална…

Очигледно паузата подобро влијаше за Надал, кој по враќањето на терен доби четири едноподруго гема за конечна победа од 6-3 во третиот сет и освојување на Мастерсот во престолнината на Италија.

Се вчитува...