По век и половина во Англија нема да се играат мечеви на „Боксинг-деј“

Добро позната традиција е дека најинтересните англиски фудбалски натпревари се играат на „Боксинг деј“ – денот по Божиќ според Грегоријанскиот календар – но постои голема веројатност дека ова завршува по речиси век и половина.

Оваа година, како и во 2014 година „Боксинг деј“ е во петок. „Тајмс“ дознава дека, речиси сигурно, тој ден ќе се игра само еден натпревар.

„Службениците на Премиерлигата беа принудени да се откажат од традицијата поврзана со „Боксинг деј“. Договорите за ТВ права предвидуваат дека секоја сезона ќе се играат 33 кола за викенди, а само пет кола во работната недела. Веројатно е дека само еден натпревар ќе се игра на овогодинешниот „Боксинг деј““, објавува овој медиум.

На ова влијае и договорот меѓу Фудбалската асоцијација на Англија и Премиерлигата, кој предвидува натпреварите од ФА Купот да се играат само за време на викендите. Тој договор беше потпишан на шест години, а причината беше пренатрупаноста на календарот поради натпреварите во Европа.

Се вчитува...