По Винисиус, уште една ѕвезда го продолжува договорот со Реал Мадрид

Реал Мадрид денеска направи сериозна работа, откако го продолжи договорот со Винисиус до 2027 година. Следниот на листата според шпанските медиуми е Родриго, кој ќе стави параф на новиот договор до 2028 година.

Со продолжувањето на Родриго, Реал сериозно смета на својата иднина. До сега обврските кон клубот ги продолжија и Едер Милитао, Едуардо Камавинга и Федерико Валверде. Со новиот договор, Родриго ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Исто така Реал Мадрид сериозно ја разгледува опцијата да го откупи договорот на Кепа Аризабалага, па во своите редови да има двајца исклучително квалитетни голмани заедно со Тибо Куртоа.

Се вчитува...