Победа го освои „Вуко Каров“ пред Тиквеш и Вардар

Фудбалерите на Победа го освоија 21. Меморијален турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци откако во одлучувачкиот натпревар беа подобри по изведувањето на пеналите од Тиквеш.

На турнирот на кој учествуваат три екипи, покрај Победа и Тиквеш и екипата на Вардар, се играше по италијански систем секој со секого по 45 минути.

Првиот дуел меѓу Победа и Вардар по 45 минути заврши без голови, а по изведувањето на пеналите прилепчани беа поуспешни од Вардар со 2-0. Антонио Столевски ги одбрани пеналите на Гроздановски и Љамчевски, додека сигурни пеналџии за Победа беа Теофан Илијоски-Кисески и Игор Момироски.

Во вториот меч Тиквеш славеше против Вардар со 1-0, а одлучувачкиот дуел меѓу Тиквеш и Победа за првото место по 45 минути заврши без голови. Па, повторно по изведувањето на пеналите Победа беше подобра од Тиквеш победувајќи со 3-1.

Се вчитува...