Победа и пораз за надежите на тестовите во Кипар

Младите репрезентации на Македонија за фудбалери до 15 односно 16 години, предводени од Марио Вујовиќ запишаа пораз и победа на првите тестови со селекцијата на Кипар.

На гостувањето во Кипар, селекцијата до 16 години славеше со 4-3, додека помладата генерација загуби од домаќинот со 0-1.

Двете селекции ги очекуваат уште по еден натпревар против Кипарците, кои се закажани за утре.

Се вчитува...