Победа на Ферстапен во Абу Даби за крај на сезоната во Формула 1

Макс Ферстапен со победа за Големата награда на Абу Даби ја заокружи сезоната во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот со уверлива победа славеше, пред двоецот на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон кои се најдоа на втората и третата позиција.

Четврти беше клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Албон, а во топ 10 уште се најдоа и Норис, Сајнц, Рикардо, Гасли, Строл и Окон.

Ова беше последна трка во веројатно најчудната сезона во историјата која имаше многу проблеми и откажувања поради пандемијата од коронавирусот која го зафати светот.

Се вчитува...