Победа на Новак Ѓоковиќ – Судот му ја врати визата, српскиот тенисер повторно на слобода!

Новак Ѓоковиќ ја доби битката со австралиската влада. Австралискиот суд пресуди дека српскиот тенисер треба да биде ослободен, откако судијата утврди дека визата му била неосновано одземена по неговото доаѓање во Австралија.

Судијата Ентони Кели, ја поништи одлуката за одземање на визата на Новак Ѓоковиќ. Владата доби наредба да ги подмири сите трошоци, а Ѓоковиќ е ослободен од притвор, додека пасошот и личните работи му се вратени.

Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе игра на Отвореното првенство на Австралија, Србинот успеа да го добие случајот, односно спорот со Владата на Австралија и тој ќе го напушти хотелот каде што беше четири дена. Ова е голем удар за политичарите и голема победа за српскиот тенисер кој се бореше и докажа дека има право да влезе во Австралија врз основа на медицинско ослободување од вакцинација!

Неколкучасовното судење конечно заврши. Имаше сомневања дека тоа може да продолжи дури и утре, но судијата Кели му го додели случајот на Новак Ѓоковиќ, или неговите адвокати. Судијата Кели, кој ја донесе одлуката, во еден момент ги праша присутните: „Што требало друго да направи Новак?“, алудирајќи дека на Ѓоковиќ му биле доделени сите потребни дозволи од истите луѓе кои го спречиле да влезе во австралиската држава Викторија на аеродромот.

Сепак, тоа не мора да значи дека Новак ќе игра на Отвореното првенство на Австралија. Сега се поставува прашањето за неговата ментална состојба по целиот случај, како и дали австралиските власти ќе останат сеприсутни во борбата против невакцинираните откако рекоа дека дури и Новак да победи на суд, тој ќе биде депортиран назад во Србија.

 

 

Се вчитува...