Ракометарите на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2 традционално одиграа меѓусебен контролен натпревар како заокружување на подготвителниот период пред стартот на новата сезона.
Очекувано на крајот до победата стигнаа поискусните битолчани кои што славеа со убедливи 39-17.
Лино Червар своето деби на официјален натпревар за Пелистер ќе го има во недела кога во рамки на Регионалната лига во „Боро Чурлевски“ ќе го пречека Партизан кој ќе биде предводен од Раул Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
