Победа ’одблокирана’: Ирена Јакимоска в.д.директорка на клубот

Македонскиот прволигаш Победа е на добар пат да излезе од кризата што се случуваше во овој клуб во изминатиот период. Вечерва во клупските простории на ФК Победа се одржа состанок на Бордот на директори. Главната одлука е дека на местото на досегашниот извршен директор Гоце Ингилизов, на кого му беше прифатена оставката, за привремен в.д.директор е избрана косопственичката на ,„Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска.

Со ова најверојатно ќе бидат надминати и дел од финансиските проблеми што ги има прилепскиот прволигаш. Оваа зима од тимот си заминаа голем дел од фудбалерите кои го носеа дресот на Победа изминатата есен.

Се вчитува...