Победа подобра од Беласица Петрич за втор триумф во Банско

Прилепска Победа славеше против бугарскиот третолигаш Беласица Петрич со 2-1 (0-0) во третиот свој пријателски натпревар за време на подготовките во Банско.

Стрелци на головите за Победа беа Дејан Цветаноски во 50. минута и Борче Маневски во 90. минута за триумф на прилепчани.

Шефот на стручниот штаб, Зоран Штерјовски дуелот го стартуваше во следниот состав: Јованоски, Хумбатов, Ристевски, Крстески, Карчески, Ј.Наумоски, Мустафов, Неданоски, Шаркоски, Станиќ и Гешоски. Во вториот дел во игра влегоа сите играчи од клупата со исклучок на голманите.

Последниот четврти натпревар во Банско, Победа ќе го одигра в сабота со третолигашот Гоце Делчев – Пирин, а во недела подготовките завршуваат и екипата се враќа во Прилеп.

Победа среде подготовки остана без десниот бек Бојан Георгиевски кој се одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на новиот српски прволигаш Мачва од Шабац.

Се вчитува...