Победа подобра од Ренова на тестот во Охрид

Почнаа и летните тестови за македонските прволигаши, во пресрет на новата сезона. Во Охрид, пријателски натпревар одиграа Победа и Ренова, а подобри беа прилепчани и славеа со 3-1.

Победа одигра одлично во првото полувреме и го реши во своја корист со убедливи 3-0. Двоен стрелец беше Дејан Цветаноски, а во листата на стрелците се запиша и Бурхан Мустафов. Во вториот дел, „гипсарите“ постигнаа почесен погодок преку Емран Рамадани.

Победа в четврток се сели на подготовки во Банско, Бугарија, додека Ренова продолжува во Охрид и вторник ќе одигра пријателски натпревар и против Гостивар.

Се вчитува...