Победа сака три бода против Брегалница: Мора да се искористи домашниот терен и публиката

Повторно на стадионот на Могила во Прилеп, Победа утре од 15 часот во рамките на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига ја очекува нова битка за опстанокот.

Прилепчани ќе бидат домаќини на Брегалница, желни за три бода со кои би се избегало бодовно од последните две позиции на табелата.

„Паузата ја искристивме на најдобар можен начин. Акцент ставивме на подобрување на спортската форма, претежно на физички план во првата недела а секако и надополнивме некои тактички варијанти кои ќе ни бидат потребни во натамошните натпревари во продолжението на првенството. Мислам дека паузата беше добредојдена и фудбалерите ја искористија во целост“ – вели шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски притоа осврнувајќи се на утрешната пресметка.

„Брегалница заостанува доста бодовно зад нас и сигурно и тие ќе атакуваат на трите бода на овој натпревар бидејќи нема да можат да калкулираат. Тоа на некој начин е и добро за нас. Мислам дека ние треба да ја искористиме оваа можност посебно што на претходниот меч со Шкупи беше тешко да се игра против екипа која одлично беше организирана во одбрана и тешко доаѓавме до шанси. Брегалница се покажа како тврд орев за многу екипи во овие изминати натпревари. За нас најзначајно е на утрешниот натпревар нашите фудбалери да влезат 100% максимално мотивирани и сконцентрирани во завршницата, што на натпреварот со Шкупи доста ни недостигаше. Исто така мораме да го искристиме домашниот терен и одличната наша публика и навивачите кои не бодрат сите 90 минути што навистина ни фалеше во изминатиот дел од сезоната“.

Се вчитува...