Победа за Ивановски, пораз за Лина на стартот на фјучрсите на кои настапуваат

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски одлично го стартуваше ИТФ фјучрсот кој се игра во францускиот Кретеј. Во воведната рунда на турнирот вреден 15.000 американски долари Ивановски славеше над Русинот Кирил Кивацев по пресврт со 2-1, по сетови 2-6, 6-4 и 7-6.

Во осминафиналето Ивановски ќе игра против Естонецот Данил Глинка кој во моментов се наоѓа на 779. место на АТП листата.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше елиминирана на силниот турнир во Астана, Казахстан каде загуби од осмата носителка Нигина Абдураимова од Казахстан со 2-1, 2-6, 6-2 и 6-4.

Се вчитува...