Победа за прво место во Серија А, Наполи на гостински терен го доби незгодниот Удинезе (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи вечерва запишаа голема и значајна победа на гостински терен, па со резултат од 0-4 беа подобри од незгодниот Удинезе.

Оваа победа „наполитанците“ ја најавија уште во првото полуверме, откако Виктор Осимен успеа да биде прецизен во 24-та минута донесувајќи водство за гостите од 0-1. По само единаесет минути игра, Амир Рахмани ја зголеми предноста на тимот од Неапол, постигнувајќи гол за 0-2, резултат со кој се замина на пауза.

Второто полувреме воопшто не беше поразлично од првото, па Наполи во ист ритам го продолжи овој натпревар. Веќе во 52-минта се создаде нова шанса за гол, а Калиду Кулибали беше прецизен и практично на овој начин ги откажа домаќините од сите надежи за евентуален позитивен исход.

До крајот на овој двобој видовме уште еден гол, па во листата на стрелци за Наполи се запиша и Хирвинг Лозано во 85-та минута. Со оваа победа Наполи се искачи на првото место во Серија А, додека Удинезе остана на седмата позиција.

 

 

Се вчитува...