Атланта Хоукс израмни на 2-2 во финалната серија на Истокот во НБА лигата против Милвоки Бакс откако славеше на домашен терен со 110-88.
Сепак, целиот натпревар беше во втор план поради страшната повреда на првата ѕвезда на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата го повреди коленото во ужасна сцена во средината на третата четвртина кога проба да го изблокира Клинт Капела.
Инаку и Атланта беше без својата прва ѕвезда, Тре Јанг, па во негово отсуство Лу Вилијамс со 21 и Богдан Богдановиќ со 20 поени ги предводеа Хокс до победа. Кај Милвоки Џру Холидеј заврши со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА