Победнички кам-бек на Ѓоковиќ во Мелбурн

Најдобриот српски тенисер во историјата по пауза од една година поради депортацијата се врати во Мелбурн на својот омилен гранд-слем турнир, Австралија опен. Тој во првото коло во меч кој заврши по полноќ без поголеми проблеми славеше над шпанскиот тенисер Роберто Карбалјес Баена со максимални 3-0, по сетови 6-4, 6-4 и 6-0.

Тој беше на неверојатен начин пречекан од публиката во Мелбурн, а на „Род Лејвер“ арената имаше голем број негово сонародници кои со српски знамиња ја зачинија победата на поранешниот светски рекет број еден.

Во второто коло тој ќе игра против подобриот од мечот меѓу Французинот Кукар и Боливиецот Делиен. За потсетување организаторите на првиот гранд-слем турнир имаат големи проблеми денеска, бидејќи доста натпревари се одложени за утре поради обилните врнежи на дожд во Мелбурн.

 

Се вчитува...