Победничко селфи на новите лидери – Беласица сега чека пораз на Кожуф (ФОТО)

Фудбалерите на Беласица се нови лидери, барем во моментов, во Втората лига – Исток откако славеа во дерби пресметката од 9. коло на гостувањето против Тиквеш со 1-2.

 

Сега струмичани очекуваат во последниот натпревар од колото пораз на Кожуф на гостувањето против Брегалница Штип за да останат на челната позиција на табелата. Како и да е, и до тогаш, триумфот во Кавадарци секако заслужува славје и победничко селфи.

Се вчитува...