Велес е во фудбалска еуфорија. Борец ја оствари првата победа во прволигашка конкуренција по цели 18 години, и тоа земајќи го скалпот на актуелниот првак Шкендија. Тимот на Горазд Михајлов и против Вардар покажа цврстина и прволигашки квалитет, ремизираше без голови, а сега успеа да го совлада големиот фаворит кој очајно ја почна новата сезона.
„Газда“ Кочо ги остави малку вицепремиерските обврски, фудбалот секако е голем ќеиф, а посебно е голем кога неговиот тим ќе го победи шампионот. Велес е во фудбалски транс, осамна и победничко селфи од соблекувалната…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА