Побуна во ПСЖ – Фудбалерите бараат смена на Тухел

Францускиот шампион Пари Сен Жермен вчера стигна до првата победа во домашното првенство откако со голот на Жулиен Дрекслер во 93. минута го совлада со 1-0 Мец. Меѓутоа победата не ја врати атмосферата во таборот на „светците“ каде ситуацијата од ден во ден е се полоша. Дел од фудбалерите се незадоволни од работата на тренерот Томас Тухел. Тие се незадоволни бидејќи единствен план во нападот е да се додава топката на Нејмар.

„Играме без тактика, без идеја. Во текот на натпреварот со Марсеј стручниот штаб апсолутно немаше контрола на натпреварот. Не можеа ништо да променат“, изјавил еден од фудбалерите на ПСЖ за француските медиуми. 

Очигледно ситуацијата во ПСЖ е лоша по поразот во финалето од Лигата на шампионите од Баерн Минхе, а позицијата на Тухел е се понеизвесна во клубот.

Се вчитува...