Почетокот на француската Лига 1 под знак прашалник – Четворица фудбалери на Марсеј позитивни на Ковид-19

Во петок треба да стартува новото издание на француската Лига 1 со натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Сент Етјен. Сепак, стартот на новата сезона е под знак прашалник бидејќи од Марсеј потврдија дека тројца членови на клубот се позитивни на коронавирус. Со тоа бројката на позитивни на Ковид-19 во тимот се искачи на четири.

Како што пренесуваат од клубот заразени се Стив Манданда, Валентан Ронжие и Максим Лопез. Порано поради внимателност беше откажан пријателскиот натпревар против Штутгарт, а се уште останува под знак прашалник дали ќе биде одигран првиот меч кој е закажан за во петок. Во Лига 1 со тестирањето беше утврдено дека во 11 клубови влезе Ковид-19 и досега има заразено 37 фудбалери.

Се вчитува...