Еден од најпознатите тениски тренери во светот, Ник Болитиери по кратко боледување денеска почина на 91-годишна возраст.
Болитиери ја имаше една од најпознатите тениски академии во светот, од која своевремено беа најдобрите тенисери во светот, меѓу кои: Моника Селеш, Андре Агаси, Џим Куриер, Серена и Венус Вилијамс, Марија Шарапова, Мартина Хингис, Мери Пирс, Ана Курњикова и Борис Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА