Еден од најдобрите бразилски кошаркари на сите времиња, Вламир Маркес почина на 87-годишна возраст, објави неговиот поранешен клуб Коринтијанс.
Маркес беше еден од најдобрите кошаркари во светот во шеесетите години на минатиот век.
Познат како „Синиот ѓавол“, тој го предводеше бразилскиот тим до две светски титули (1959, 1963) и два олимписки бронзени медали во 1960 година во Рим и 1964 година во Токио.
По завршувањето на играчката кариера, Маркес работеше како тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА