Почина легендарниот Силвио Берлускони

На 86-годишна возраст почина Силвио Берлускони, еден од најпознатите личности во италијанскиот фудбал. Тој беше долги години во Милан, а од пред пет години под своја капа ја имаше Монца која успеа да ја внесе во Серија „А“.

Берлускони ќе остане запаметен како еден од творците на успесите на Милан. Тој беше сопственик и претседател на Миолан долги години, од 1986 па се до 2017 година. За време на неговото владеење, екипата освои пет титули во Лигата на шампионите, еден трофеј на Светското клупско првенство, две титули Интер-контитентален куп, осум Скудета, шест титули во Супер-Купот на Италија, еден трофеј во Купот на Италија.

Со Монца направи огромен успех, откако ја внесе во „елитното“ друштво. Во штотуку завршената сезона, Монца успеа да ги совлада и Јувентус, и Наполи и Интер.

Беше и премиер на Италија, а неговата политичка партија Форца Италија е партнер во моменталната италијанска влада.

Се вчитува...